Цел
Да им помогнеме на граѓаните на Македонија да препознаат веб-страници и профили на социјални мрежи што систематски шират бугарска пропаганда и агенда, често прикриени како локални македонски медиуми. Секој оној што ќе најде ваква веб страна или профил може да ја додаде.
Критериуми
- Повторувачко објавување содржини што негираат македонски национален идентитен, јазик или историја во корист на бугарски наративи.
- Докажана поврзаност со мрежа на страници или профили управувани од Бугарија (заеднички администратори, синхронизирано објавување, ботови).
- Промена на името на страницата со цел прикривање на претходната содржина или потекло.
- Лажно претставување како македонски медиум или граѓанска иницијатива.
Како се додаваат страници
Секој може да пријави страница или профил. Секоја пријава рачно ја проверува друго лице пред да се објави.
https://bgbotovi.info/
---
Поентата е да се објават сите веб страни што имаат ваква агенда а „оперираат“ со македонска публика и од истите, прават пари од реклами (од нивните банери/реферал линкови и слично).
Сите објави може да се споделат на соц.мрежи за да обичен народ разбере и увиди дека овие страни што ги читаат и истите се со големо ниво на провокација, се всушност креирани од бугарски ботови.