Едит: Се извинувам, претерав со должината на текстот. Im not even sorry.
📍Skopje International Airport
Well, секое доаѓање во Македонија ми е приказна сама за себе, па така и овој пат, во мојот најкраток престој кој траеше помалце од 24 часа. Звучи небитно засега, ама верувам дека деталите ќе си го најдат своето место до крајот на постот.
Обично кога патувам, или некој ме носи до аеродром или земам рент, меѓутоа овојпат работите беа поразлични малце, и се одлучив да стигнам до на аеродром со Airport Shuttle Bus на Ерак Транспортер кои се и официјален превозник за Скопскиот аеродром.
Прво им звонам на телефонот што им е објавен да прашам дали може да платам со картичка, дали онлајн плаќањето им работи (hang in here), и која се смета за прва станица за да планирам каде да го чекам автобусот. За мое разочарување телефонскиот број е исклучен и немаше друг начин да ги добијам.
Знаејќи како ни е (не)функционална државава, решив да извадам пари на банкомат за секој случај.
Стигнав на Холидеј Инн, 5-6 души таму чекаат, сите странци. Им давам предност да влезат, па го прашуваат на шоферот колку пари е карта (на англиски секако) па он им вика 250 денари од карта, меѓутоа со многу нервозен тон. (На вебстраната на Ерак Транспортер, и на официјалната страна на ТАВ пишува дека е 200 денари).
Им зема на сите по 250 денари, дечкото пред мене примети дека картата е уствари поскапа па извади дополнително 50 денари монета и си плати поштено.
Разговорот:
Шоферот: What is this??? - за монетата, ама стварно висок и дрзок тон.
Дечкото: 50 denars? Its 250 for one ticket no?
Шоферот: Yes, yes, go…матер ви ебам ваша.
После тоа бев јас на ред, па го прашав колку е картата и ми вика 200 денари. У реду е. Си платив.
Додека го симнувам ранецот за да влезам (минибус беше) он промрмори нешто во стилот на “у курац у пичку матер” додека сеуште се расправаше со 50 денарската монета и мислеше каде да ја стави, па го прашав да повтори.
Неговиот одговор беше “Ее овие ми се прават мутави тука мамето да им го ебам”. Не прокоментирав ништо, си реков можеби има лош ден.
И покрај тоа што автобусот требаше да тргне во 04:00, господинот си тргна во 03:51. За некој не е проблем, ама некој за 9 минути стига од дома до Холидеј Ин, пешки такс да 9 минути се многу да тргне порано. У реду е.
Тргнува од Холидеј Инн, и застанува на Железничка Станица. Таму чекаат 20тина патници, скоро сите странци. Почнува сочно да пцуе уште не застанат. Е сега морам да ви ја доловам ситуацијата.
Застана, излезе од комбе, почна да се дере:
“No space, not my problem, ма идете у пичку матер”
И даваат предност на една госпоѓа да влезе прва, она праша нешто на англиски (не слушнав што му рече), овој поима нема, госпоѓава проба на турски - буквално ја фати за рамо и и се развика “не знам ништо од тоа, ајт надвор, АУТ, АУТ!!!”.
Иде следно господин со QR код што си платил онлајн.
“Ма не може бе тоа, само кеш тука” - на македонски.
Господинот е странец: I booked and paid online, i have a confirmation of the booking and QR code.
Шоферот: маме ќе ви ебам на сите, у курац да идете сите, НОУ СИГУРИ, НОУ СИГУРИ за тикет. Ај у пичку матер идете, маме да ви ебам. (И почнува да затвора врата додека господинов пробува да разбере што се дешава и буквално сто полувнатре-полунадвор и вратата се затвара на него.
Уште неколку патници од навор почнаа да прашуваат прашања, и еден македонец се понуди да преведе. Дури и на тоа “ма ич кур не ме боли, нека идат сите у пичку матер, мамицата нивна”. А пазете, сето ова е проследено со висок тон, одмавнување со раце, расипан речник, агресивност и одбивање да соработува или да побара помош за превод.
Господинов што зборуваше македонски учтиво го предупреди: ќе ве тужат, ќе ве пријават, не можете вака, или пренесете им на одговорните да си го средат превозот - да пуштат поголем автобус кога имаат продадено повеќе карти.
“Абе кур не ме боли, мене слика на телефон (QR) не ми е доказ дека платиле. Во странство кога одат така им покажуваат, така плаќаат преку телефон? Кур така плаќаат. Ич не ми е гајле. Ја ова 6 месеци го работам, не сум од вчера.”
Влегоа тие што влегоа, на некои им наплати повторно, и цело време со пцуење, одмавнување, безобразен речник, викање и слично.
У реду е, се наполни бусот, па сега проба да им понуди на останатите ако сакаат да стојат, пошто нема слободни седишта. Океј у реду, ама не знае англиски. И кога веќе си ја знае слабоста, наместо да биде по-учтив и покултурен, му се враќа на македонецов претходно што го спомнав и му вика:
“Ае сеа да те видам, сакаше да преведуваш, ела овде да те видам” - ниту “Те молам”, ниту “Ќе може да те замолам”, ниту
еден културен збор не излезе од неговата уста.
За кратко сфати (се надевам дека сфати) дека однесувањето му беше ужасно, па почна да омекнува како он е фер, не сака да ги пушти со таксистите пошто “ги дерат”, он ги почитува туристите бла бла трт милојко дрн дрн јариња.
Е сега, да се вратам на првиот параграф, во последните 48 саата прелетав преку 20.000 км, дојдов во МКД и за нецели 24 саата си одам. И физички, и психички, и емотивно, сум исцеден. Сето тоа резултира да немам трпение, све да ме изнервира, све да ме извади од такт, а се сметам за смирена личност.
Е сега, си викам - доколку платев онлајн и ми се развикаше на истиот начин, доколку патував со мајка ми и да ја турне како што ја поттурна на првата жена која имаше 50+ години, ако почнеше да упатува пцовки и курови и матери и ебење кон моја страна или на некој мој близок, на цел стрес од последнава недела што го имам ќе беше истурен на него. Или пак он мене ќе ме претепаше. Чисто сумјам, имаше над 60 години сигурно, а ја во пикот на младоста, јбг. (Зборувај ми за почит)
Муабетот ми е - додека Албанија, Црна Гора, Босна па и Косово, рушат рекорди од година во година за број на туристи, ние мамето им го ебаваме само што ќе излезат од аеродром, нас не ни е гајле, нас кур не боли. Па и уште кажуваме како е во другите држави и како они функционираат.
Искрено сум крајно разочаран и засрамен од тоа на што бев сведок утрово. На секое доаѓање имам некој нов доживљај посебно од генерациите од Југослави што цело време ни кажуваат како ние помладите немаме култура. Ако она неговото денес беше култура - фала ама ниту сакам да имам.
Од толку колку што имам прошетано, ваков однос немам сретнато нигде. Да, ќе пробаат да ти “наплатат” tourist tax ама тоа најчесто е по плоштади, популарни улици и најчесто од африканци или романци низ Европа.
Никогаш не ми се случило официјален и единствен ПРЕТСТАВНИК на аеродром, во Европа, а и пошироко вака да се однесува.
Кога јас би бил работодавач и да знам дека работникот се понаша како дотичниов шофер, работниот однос ќе му биде прекинат во истиот момент.
И не, не очекувам многу од Македонија, ова е основното, baseline, од тука почнува се.
Не бе не, ќе го лежев 100% ако купев онлајн карта и ако ми кажеше дека кур го боли.
Се мислам да го пријавам. Не знам што фирма се Ерак, ама ако е осигуран, плата на време, регрес што му следува и му се почитуваат тие минимални човекови права од ЗРО, тогаш не знам зошто би чувале некој ментален да управува со автобус и 100тина животи дневно да бидат доведени во прашање.
Колку често се среќавате со ваква “култура” низ Македонијава секојдневно?